Top Sport

Ѓоковиќ е спортист на годината во Европа

Новак Ѓоковиќ е спортист на годината во Европа, во традиционалниот избор на Полската новинска агенција (ПАП). Во 61. избор што го организира ПАП учествувале 23 новински агенции од Европа.

Ѓоковиќ оваа година освои две гренд слем титули (Вимблдон и Ју-Ес Опен) и се врати на првото место на АТП листата, откако во еден момент беше 22. тенисер во светот. Србинот во изборот освоил 145 бода.

На второто место, со 13 бода помалку од Ѓоковиќ, се најде фудбалерот Лука Модриќ, кој со Реал ја освои Лигата на шампионите, а Хрватска ја предводеше до второто место на Светското првенство во Русија. Модриќ, во изборот на ФИФА и „Франс фудбал“ е прогласен за најдобар фудбалер во светот.

На третото место е шампионот во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, четврта е скијачката од Чешка, Естер Ледецка, а на петтото место е францускиот бијатлонец, Мартин Фуркад.

Меѓу најдобрите десет уште се и австрискиот скијач Марсел Хиршер, нордијката од Норвешка Марит Бјерген, францускиот фудбалер Антоан Гризман, неговиот сонародник атлетичар Кевин Мајер, романската тенисерка Симона Халеп и ски-скокачот од Полска, Камил Стох.

Најдбрите европски спортисти за 2018 година:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија/тенис) 145
2. Лука Модриќ (Хрватска/фудбал) 132
3. Луис Хамилтон (Велика Британија/Ф1) 114
4. Естер Ледецка (Чешка/скијање и сноуборд) 74
5. Мартин Фуркад (Франција/бијатлон) 69
6. Марсел Хиршер (Австрија/скијање) 67
7. Марит Бјерген (Норвешка/ски-трчање) 59
8. Антоан Гризман (Франција/фудбал) 43
9. Кевин Мајер (Франција/атлетика) 40
10. Симона Халео (Романија/тенис) 39
10. Камил Стох (Полска/ски-скокови) 39.

Scroll to Top