Top Sport

Ѓоковиќ стана „крокодил” во Дубаи (видео)

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ во мај 2017 година потпиша спонзорски договор вреден 9.4 милиони евра со париската модна куќа „Lacoste”.

Вчера отиде чекор понатаму. При една спектакуларна размена на удари на мечот со Гаел Монфис во полуфиналето на турнирот во Дубаи, Србинот ја изведе најверојатно најниската шпага од почетокот на неговата кариера.

33-годишникот за момент на теренот наликуваше на крокодилот од популарниот бренд кој е негов заштитен знак.

Еве доказ:

Scroll to Top