Top Sport

Роналдо и Меси заедно кај Бекам, во Мајами?

Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам им големи планови со Интер од Мајами. Сопственикот (еден од сопствениците) на новиот МЛС фудбалски клуб би сакал во екипата да ги донесе и Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Утре Интер Мајами ја започнува својата прва МЛС сезона. Иако клубот во моментов нема звучни имиња во составот, иднината не се знае што ќе донесе.

Гласините се дека токму дуото Меси-Роналдо би можело да заигра во ист дрес.

„Секој тим би сакал да ги има Меси и Роналдо. Секогаш зборуваме дека сме поразличен од секој друг тим. Сакаме да успееме и ако можеме да ангажираме големи фудбалски имиња. Среќни сме што имаме група сопственици со таква визија, што сакаат успех и да бидат конкурентни, заедно со најдобрите играчи“ – изјави Дејвид Бекам.

44-годишникот вели дека е задоволен со екипата која ја има во моментов.

„Му веруваме на тимот и среќни сме со играчите. Разговаравме да ангажираме голема европска ѕвезда, размислуваме долгорочно. Сакам да направам таква традиција, па моите деца за 20 години да кажат `мојот татко го направи овој тим`“ – вели Бекам.

Интер Мајами утре од 23.30 ќе го има своето деби, против екипата на Лос Анџелес.

Scroll to Top