Новак Ѓоковиќ по прав пат се огласи од Австралија. Најдобриот светски тенисер,мина пет дена во имиграциски притвор, откако граничната полиција му ја укина визата за влез во земјата. Денес, Федералниот суд, наложи да му бидат вратени личните документи и му одбри влез во државата.
Ѓоковиќ, првиот ден на слобода во Мелбурн го искористи за тренинг, а потоа е огласи на „Твитер“. Порача дека и покрај се она што се случуваше во претходните денови, негова желба е да настапи на Австралија опен.
„Среќен сум и благодарен што Судот донесе одлука во моја корист и што ми ги вратија документите и визата. И покрај се што се случи сакам да останам и да се обидам да се натпреварувам на Австралија опен. Се обидувам фокусот да ми биде на турнирот. Дојдов овде за да играм на еден од најважните турнири. Им благодарам на сите оние кои ми даваа поддршка, која ми дадоа сила да се борам“.
I’m pleased and grateful that the Judge overturned my visa cancellation. Despite all that has happened,I want to stay and try to compete @AustralianOpen
I remain focused on that. I flew here to play at one of the most important events we have in front of the amazing fans. ? pic.twitter.com/iJVbMfQ037— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 10, 2022