Top Sport

Ѓоковиќ, Вајда, Федерер, Надал…лауреати за 2018 на АТП

АТП ги објави лауреатите за традиционалните годишни награди. Меѓу добитниците се и тројцата најдобри во светот, тенисерите кои со своите ривалства обележаа деценија во светскиот тенис.

Новак Ѓоковиќ, кој петти пат во кариерата, годината ќе ја заврши на првото место, ја доби наградата „Повратник на годината“. Во исто време, на тренерот на српскиот тенисер, Марјан Вајда, му припадна наградата „Тренер на годината“. За оваа награда гласаат тренерите.

Рафа Надал, кој поради повреда, веќе ја заврши сезоната е добитник на нагрдата за фер-плеј. Оваа награда го носи името на прославениот шведски тенисер Штефан Едберг.

Роџер Федерер е добитник на наградата на навивачите.

АТП награди 2018:

Повратник на годината: Новак Ѓоковќ
Тренер на годината: Марјан Вајда
Дубл на годината: Оливер Марах/Мате Павиќ
Играч што најмногу напредувал: Стефанос Циципас
Дебитант на годината. Алекс де Минор
Награда Штефан Едберг: Рафаел Надал
Награда Артур Еш (хуманитарна): Томи Робредо
Награда на навивачите-играч: Роџер Федерер
Награда на навивачите-дубл: Мајк Брајан/Џек Сок
Рон Букман, награда за медиумска исклучителност: Сју Баркер

Scroll to Top