Top Sport

Нејмар добива пари ако редовно ги поздравува навивачите

Странските медиуми открија неколку интересни клаузули што се вметнати во договорот на Најмар со ПСЖ. Челниците на францускиот шампион на интересен начин го „дисциплинираат“ Бразилецот.

Некои би рекле дека правилата во ПСЖ е чудни, бидејќи другите клубови ги казнуваат своите фудбалери за недисциплина. Челниците на клубот решиле богато да го наградат Нејмар доколку тој добро се однесува и и почитува клупските правила.

Нејмар е најскапиот играч во светот, ПСЖ за неговиот трансфер на Барселона и плати 222 милиони евра.

Некои од клаузулите во договорот на Бразилецот се бизарни. Тој од клубот добива 375.000 евра годишно само доколку ги поздрави навивачите пред и по мечот, а нестварен е податокот дека тој годишно добива 2,5 милиони евра само да не ги критикува одлуките на тренерот.

За разлика од овие две, нормално делува клаузулата, која вели дека Нејмар ќе добие дополнителни два милиони евра, доколку во изборот за „Златната топка“ заврши меѓу најдобрите тројца.

Scroll to Top