Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ во интервју за „Шорт лист“, даде неколку искрени одговори на прашањата околу неговата форма, неговиот стил на живот и промените кои ги направил за да се врати на првото место на АТП листата.
„Падот“ на Ѓоковиќ почна по освојувањето на титулата на Ролан Гарос во 2016, по што дојдоа проблеми со повредите, губење на самодовербата, некои лични проблеми… Но, 2018 може да се опише само како триумфална за Србинот кој се врати со две гренд слем титули и со првото место на АТП листата.
„Поминав низ целосен мрак. Загубив на два турнири во низа во првото коло и ментално се прашував дали сакам воопшто да продолжам со тенисот. Повредата на лактот беше кошмарна – како да ти се приближуваат ѕидовите, а вие се гушите“, објаснува Ѓоковиќ.
Сепак, тој успеа да ја врати силата и со својот режим на исхрана и животен стил, кој го води од 2010 година кога престана да јаде глутен и производи од животинско потекло.
„Не сакам да кажувам дека сум веган, бидејќи луѓето ќе помислат дека сум активист. Живееме во општество каде што лесно се ’лепат’ етикети и тоа е багаж кој потоа морате да го носите со себе. Не сакам да наметнувам на никого ништо, како што не сакам да ми наметнуваат. Единствено знам дека промената на чистата, растителна исхрана ми го промени животот“, вели Ѓоковиќ.
По 2010 година тој секојдневно пие сок од целер, медитира по еден час дневно и вели дека внимава секојдневно да еволуира во подобра човечка личност.
„Верувам дека постои свет кој не е физички и за кој не знаеме многу. Не знаеме за што сме способни и навистина верувам дека можеме да практикуваме телепатија и телекинеза. Сакам да бидам човек кој ќе делува за промените на подобро. Знам дека некои велат дека сум само тенисер и дека ништо не знам за храната, љубовта, медитацијата и духовноста. Но, јас ги охрабрувам луѓето да делуваат и да се истражуваат. Не е важно дали сте успешни во очите на општеството. Моќта е кај вас“, порачува Ѓоковиќ.
“I believe that it is our mission to reach a higher frequency through self-care by exploring and respecting our own avatar, our body and, by doing that, raising the vibration of the planet.”
Novak, meet Noel. Noel, Novak.
https://t.co/5nohS2CGxq via @ShortList
— NiGraber (@audiolympics) December 21, 2018