Top Sport

Ѓоковиќ во епизодата „студен предизвик“ (Видео)

Паузата помеѓу Австралија опен и мастерсот во Мајами најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, ја искористи за да го посети Белград и да го испроба рецептот на Вим Хоф.

Ѓоковиќ во студена вода на планински поток минал една минута и 45 секунди. Во објавата на „Инстаграм“, тенисерот не напишал каде се наоѓа потокот во кој ги применил вежбите се дишење на Хоф.

„Констатнтин и јас преживеавме во планински поток една минута и 45 секунди. Овде се работи за начинот на размислување. Вакво капење е луди, знам, но многу е значајно за умот и телото. Низ различни техники (како дишење) можеме доволно да се смириме и да се прилагодиме на екстремните услови, но и полесно да се избориме со секојдневниот стрес. Ги користам методите на Вим, тие ми користат во животот. ‘Умот над работите, мозокот над телото’. На сите ве советувам да го истражите и да го пробате овој предизвик“, напишал Ѓоковиќ.

„На оние што ќе се осмелат ги предизвикувам барем една минута да поминат во студена вода. Мора да биде зима и да биде студено надвор, морате да бидете само во костим за капење, пола од телото мора да биде под водата. Истражите и подгответе се бидејќи може да биде многу опсно доколку не ги следите советите на Вим“.

 

View this post on Instagram

 

@iceman_hof how did we do? ❄️??? Constantine and I survived this mountain stream for 1 minute 45 seconds.. mindset is everything. The practice of ice baths looks crazy I know ? but it’s really beneficial for training the mind and body. Through various techniques (like breathing) we can calm ourselves enough to take on extreme conditions like this and more efficiently battle daily stress in our lives. I use Wim’s methods and find them beneficial for my life overall. “Mind over matter. Brain over body.” I suggest everyone to explore it and hopefully rise to this challenge! For those who dare, I challenge you to find an ICE COLD body of water outside and get in for at least 1 minute: – Must be winter and icy water outside – Must be only in underwear – Must have half the body submerged – Must be in for at least 1 minute Make sure to do your research and prepare as this can be pretty dangerous if you don’t follow Wim’s guidelines. Tag friends to do it with you and use #NoleChallenge when you share so I can see you guys. I’m so hyped for this, let’s goo!!!!!!! Idemooo!! ?? (I can share the full version of this on FB for #NoleFam if you guys want to see ?) #iceman #wimhof #life #nature #breathing #meditation #reflect #mindset #justbreathe #wimhofmethod #innerfire #tbt

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Scroll to Top