Top Sport

Ѓоковиќ во ЛА, доби дрес од Теодосиќ и фотографија со Стеф Кари

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој поради повреда не е активен на тениските терени уште од средината на јуни, изминатата ноќ во Лос Анџелес го гледал натпреварот помеѓу ЛА Клиперс и Голден Стејт Вориорс.

Актуелните шампиони Голден Стејт го декласира тимот од ЛА (141:131), а на теренот во дресот на поразениот тим го немаш сонародникот на Ѓоковиќ, Милош Теодосиќ.

Тоа не му ја расипа забавата на тенисерот кој Стејплс центар го напушти со дерсот на Теодосиќ и фотографија со Стеф Кари.

Токму Кари го предводеше Голден Стејт до победата со 31 поен, 5 скока и 6 асистенции.

Scroll to Top