Top Sport

Во Барса се јасни: Нејмар сам си замина, нема да се врати во Каталонија

Барселона немаат никакви планови да го вратат Нејмар од Пари Сен-Жермен, вели потпретседателот на клубот, Жорди Кардонер отфрлајќи ги шпекулациите дека шпанскиот шампион има план да го привлече Бразилецот назад на „Ноу Камп“.

Нејмар освои две титули од Ла лига и трофеј од Лигата на шампионите во четири сезони со каталонскиот клуб, каде што имаше опасно партнерство со Луис Суарез и Лионел Меси, но си замина во јули 2017, откако ПСЖ ја активираа неговата клаузула за раскин на договорот, вредна рекордни 222 милиони евра.

„Никој во бордот на Барса не зборувал за можноста да се врати Нејмар, и сега не можеме да дадеме таков одговор“, јасно одговори Кардонер.

26-годишниот Нејмар се најде на насловната страница на „Ел мундо депортиво“ со наводна порака до шефовите на Барса дека сака да се врати.

„Тој замина сам, ќе беше поинаку ние да не верувавме во него и сега да го сакавме назад, но тоа не е случајот. Да сакавме да потпишеме со него, досега тој ќе беше тема, но не е така“, додава Кардонер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top