Top Sport

Ѓоковиќ за задолжителната вакцинација: Принципите се поважни од трофеите

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, во интервју за Би-би-си, рекол дека не е антиваксер, но и дека повеќе би сакал да ги пропушти големите турнири отколку да прими вакцина против коронавирусот.

Ѓоковиќ е подготвен да ги пропушта големите турнири доколку за учество задолжителна е вакцинацијата. За Би-би-си потврдил дека е подготвен да ја плати таа цена.

„Таа цена сум подготвен да ја платам. Никогаш не сум бил противник на вакцинацијата, сум примал вакцини како дете, но секогаш сум ја подржувал слободата да се избере што ставате во своето тело. Тие принципи, што ќе ставам во моето тело се поважни од било што друго“, рекол Ѓоковиќ и дополнил.

„Мојот ум е отворен по прашањето дали ќе се вакцинирам во иднина, бидејќи сите заедно се обидуваме да го најдеме најдоброто решение во борбата против вирусот. Повторувам, никогаш не сум бил противник на вакцинацијата, се надевам дека наскоро ќе му го видиме крајот на овој вирус. Никој не сака да биде во оваа ситуација, во која колективно се наоѓаме веќе две години. Дел сум од глобалниот спорт кој се игра секоја недела на разни локации. Разбирам какви последици носи оваа моја одлука. Една од последиците беше да не одам во Австралија, бев подготвен на тоа. Јасно ми е што значи во денешно време да не си вакциниран, значи дека нема да можам да играм на најголем дел од турнирите“.

Ѓоковиќ говорел и за депортацијата од Австралија.

„Бев разочаран и тажен како се се заврши. Грешката во визната декларација не беше намерно направена. Тоа го прифатија и го потврдија судот и министерот. Луѓето не знаат дека јас не сум депортиран од Австралија поради тоа што не сум вакциниран или поради тоа што сум прекршил некакви правила. Во суштина тоа ми го одобрија. Причина за депортацијата е одлуката на министерот за имиграција да го искористи дискреционото право да ми ја поништи визата врз основ на перцепција, дека можам да предизвикам антиваксерско чувство во државата или во градот, со што воопшто не се согласувам“, изјавил Ѓоковиќ за Би-би-си.

Scroll to Top