Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка, ќе се бори за титулата на ИТФ челинџер турнирот во Трнава, Словачка.
Ѓорческа во полу-финалето ја победи Русинката Влада Ковал. Македонската славеше за нешто помалку од еден час игра со 6/3, 6/3.
Противничка на Ѓорческа во финалето ќе и биде уште една тенисерка од Русија, Софија Лансере.
Наградниот фонд на турирот во Словачка изнесува 25.000 долари.