Мирко Филиповиќ можеби е во пензија, но тоа не значи дека популарниот „Кро кап“ одмара. Хрватскиот „фајтер“ постојано тренира, а исто така му помага на Јапонецот Сатоши Иши за меч во ФФЦ 30.
„Кро кап“ беше гостин на хрватската „Нова ТВ“, каде што повторно зборуваше за својот проштален меч.
„Во моментов нема ништо, иако сакав последниот меч да ми биде со Федор. Тоа нема да се оствари. Но, сигурно ќе има проштален меч. Имам неколку понуди, но дефинитивно ќе се работи за Јапонија. Не можам да речам повеќе“, вели Филиповиќ.
Една од причините поради која „Кро кап“ се повлече се повредите на колената.
„Голем проблем! Но, успеав да го санирам и тоа е неверојатно. Имав трансплантација на матични клетки, прва во Хрватска. На целото колено израсна нова ’рскавица“, објаснува Хрватот.