Top Sport

Го урнал рекордот на Болт, ама не истрчал 200 метри (Видео)

Американскиот атлетичар Ноа Лајл неколку минути бил сопственик на светскиот рекорд на 200 метри. Во рамките на трката „Inspiration Games“ тој делницата ја претрчал за 18,90 секунди. Болт во 2009 година трчаше 19,19 секунди.

Веднаш се јавил сомнеж, бидејќи Лајлс трчал со ветер во градите, а неговиот најдобар резултат во кариерата на 200 метри е 19,50 секунди.

„Ова сигурно не е во ред. Дури и тој самиот ги крена рацете во воздух не можејќи да верува што се случува“, рекол коментаторот на Би-би-си Стив Крам.

Неколку минути подоцна било утврдено дека Лајлс стартувал од погрешна патека и дека делницата што ја истрчал не била долга 200 туку 185 метри.

„Не можете на ваков начин да си играте со моите емоции“, напишал на „Твитер“ 22 годишниот атлетичар.

„Inspiration Games“ е натпреварување кое се одржува во периодот на пандемијата што низ светот ја предизвика вирусот Ковид-19. Атлетичарите се натпреваруваат од различни патеки ширум светот, стартуваат во исто време, а телевизискиот екран е поделен во преносот.

Лајлс, кој минатата година во Доха стана светски првак на 200 метри, во целта влезе многу пред ривалите Кристоф Леметр и Чуранди Мартина, но имал предност од 15 метри.

 

Scroll to Top