Актуелната олимписка шампионка во спуст, Софија Гоџа, нема да настапи во трката во супер-џи на Зимските олимписки игри во Пекинг. За оваа трка е пријавена Микаела Шифрин, која разочара со настапите во нејзините две омилени дисциплини, слалом и велеслалом.
Гоџа се уште се рехабилитира од повредата на коленото, соопшти Скијачкиот сојуз на Италија. Гоџа, оваа сезона има шест победи во Светскиот куп (четири во спуст и две во супер-џи). Коленото го повреди во Корина д’Ампецо на 23.јануари.
Таа започна да тренира на 5.февруари, со цел подготвена да ја дочека трката во спуст на 15.феврари.
За разлика од Гоџа, Шифрин реши да настапи во супер-џи. Во оваа дисциплина таа стана светска првенка во 2019 година.
Трката во супер-џи ќе се одржи во петок.