Коко Гоф и Линда Носкова го отворија Завршниот ВТА мастерс, во Индијан Велс со победи, откако славеа над Џесика Пегула и Марта Костјук,.
Супер неизвесен беше дуелот меѓу сонародничките Гоф и Пегула. По повеќе од два ипол часа голема борба, Гоф победи со 6:4, 6:7(5), 6:2.
Четвртата тенисерка во светот го реши првиот сет во своја корист откако спаси три последователни брејк-топки на 4:4, а потоа во следниот гем ѝ го одзеде сервисот на противничката.
Сепак, Пегула реагираше брилијантно во продолжението и поведе со дури 5:1 во вториот сет.
Гоф не се откажа. Успеа да ги врати двата брејка, да освои пет последователни гема и да го сврти мечот на 6:5, а потоа во 12-от гем стигна до меч-топката.
Сепак, Пегула успеа да ја спаси, го освои тај-брејкот и изедначи на 1:1.
Кога се чинеше дека моментумот е целосно на страната на петтата тенисерка во светот, следеше нов пресврт.
Гоф го отвори решавачкиот сет со два последователни брејка, поведе со 3:0, а потоа го задржа водството до крајот на натпреварот без поголеми проблеми.
COCO 🤝 CROWD ⚡️@CocoGauff battles past Pegula in 3 sets!#WTAFinals pic.twitter.com/7xwaLj3FIl
— Tennis Channel (@TennisChannel) November 9, 2026
За разлика од американскиот дуел, вториот натпревар во денот не донесе премногу неизвесност.
Чехинката Линда Носкова, актуелна шампионка на Вимблдон, имаше успешно деби на завршниот турнир совладувајќи ја Марта Костјук со 6:2, 6:4.
Дваесет и едногодишната Носкова добро го отвори натпреварот, направи три брејка во првиот сет и брзо поведе.
Во вториот сет, клучниот момент се случи во средишницата, кога Чехинката прво спаси брејк-топка во четвртиот гем, а потоа веднаш го одзеде сервисот на противничката.
Dazzling debut 🌟
Linda Noskova locks in her opening match over Kostyuk, 6-2, 6-4!#FAGEWTAFinals | #TheUltimateStage pic.twitter.com/sPbmskjXXV
— wta (@WTA) November 8, 2026
Костјук, да потсетиме, влезе на турнирот по повлекувањето на тенисерката број еден во светот, Елена Рибакина, поради здравствени проблеми.
Во второто коло од групната фаза, кое е закажано за вторник, ќе играат меѓусебно Гоф и Носкова, како и Пегула и Костјук.
Foto/ depositphotos
