Давид Гофан покажа дека е во фантастична форма, декласирајќи го Жо-Вилфрид Цонга со 7:6(5)/6:3/6:2 за да израмни на 2:2 во Дејвис куп финалето меѓу Белгија и Франција на полниот стадион „Пјер Моро“ во Лил.
Гофан, кој загуби во финалето на завршниот турнир во Лондон, АТП-финалето од Григор Димитров, го добива вториот сингл меч за Белгија за да постави фантастична пресметка за титулата меѓу двајца понискорангирани тенисери – неговиот сонародник Стив Дарси и Французинот Лукас Пуј.
Атмосферата стана „горчлива“ за Французите откако во третиот сет, судијата не реагираше на очигледно промашување на Гофан, по што публиката почна да се бунтува, а Цонга бараше објаснување.
Сепак, на крајот, Гофан сосема заслужено стигна до победата за да овозможи Белгија да продолжи со сонот за прва Дејвис куп титула.
?? @David__Goffin takes the second set 63 against Jo-Wilfried Tsonga ??. Looks like we're going all the way in Lille.#DavisCupFinal pic.twitter.com/O2auGGbHzF
— Davis Cup (@DavisCup) November 26, 2017