Роџер Федерер ќе игра против Новак Ѓоковиќ во финалето на мастерс турнирот во Синсинати. Швајцарецот во полу-финалето играше против Белгиецот Давид Гофан, кој на почетокот на вториот сет му го предаде мечот.
Гофан од стартот на мечот имаше одредени проблеми, кои сепак не влијаеа на неговата игра. Успешно ги добиаше своите сервис гемови, а во финишот успеа да спаси и три брејк топки.
Во тај-брејкот започна добро, потоа Федерер со четири поени во низа го реши сетот.
Во паузата помеѓу сетовите Гофан доби медицинска помош, потоа го продолжи мечот, а реши да го прекине во третиот гем.
Федерер осми пат ќе игра во финалето во Синсинати, а таму четврти пат противник ќе му биде Новаќ Ѓоковиќ.