Top Sport

Меси и Кутињо со „мајсторски“ голови, Барса со стартна победа (видео)

Барселона ги има Лео Меси и Филипе Кутињо. Шпанскиот шампион ја започна новата сезона во Ла лига со 3:0 победа над Алавес за да им прати јасна порака на клубовите од Мадрид дека планот е титулата да остане во Каталонија.

Капитенот Лионел имаше одличен гол од слободен удар, протнувајќи ја топката под живиот ѕид кој скокаше, за да го постигне јубилејниот 6.000 гол за Блауграна. Апсолутно неверојатно.

Дека Барса оваа година нема да биде „потпрена“ само на Меси, покажа Филипе Кутињо, кој постигна уште еден прекрасен гол во 83. минута, пред Меси во 91. минута да го постигне и својот втор гол на натпреварот, овојпат во стилот на централен напаѓач.

ЛА ЛИГА, 1.КОЛО

Селта Виго – Еспањол 1:1

Вилјареал – Реал Сосиедад 1:2

Барселона – Алавес 3:0

Scroll to Top