Top Sport

Адеми ќе биде тренер на тим во мал фудбал

На традиционалниот хрватски турнир во мал фудбал „Кутија шибица“, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ќе има посебна улога – ќе биде тренер!

47. издание на турнирот од 25 ноември до 28 септември ќе собере 206 тимови од Хрватска и од соседството, а дефинитивно најпопуларен лик ќе биде играчот од средниот ред на Динамо Загреб, Адеми, кој играше мал фудбал додека беше суспендиран поради допинг-аферата.

„Играв на ‘Шалата’ и ми се допадна. Кога бев мал постојано игравме мал фудбал, а не сум играл на ‘Кутија’, иако речиси секогаш сум таму. Овојпат ќе имам мој тим со мене. ‘Слаткарница Калимеро’. Тоа се моите пријатели од Шибеник и Сплит, и уште не се собравме, но кога ќе тргнат подготовките ќе бидеме таму. Никогаш не сум бил тренер, така што ова повеќе е на шега. Ќе бидам на клупата бидејќи нема да играм“, вели Адеми за „Вечерњи лист“.

Семејството Адеми и по 70 години со „Калимеро“

Scroll to Top