Top Sport

Гофан со токиската круна

Белгиецот Давид Гофан триумфираше на Јапонија опен со 6:3/7:5 победа над Французинот Адријан Манарино, за да ја продолжи својата победничка низа по минатонеделниот триумф во кинескиот Шенжен.

Со јапонската принцеза Мако на трибините, четвртиот носител го заврши мечот за 84 минути за своја четврта АТП титула во кариерата, откако лани загуби во финалето во Токио од Ник Кирјиос.

Ова е одличен резултат за 26-годишниот Гофан, кој сега е на осмото место во „трката“ за АТП-финалето во Лондон од 12 до 19 ноември. 29-годишниот Манарино, пак, уште ја чека својата прва титула во кариерата и има четири порази во финалињата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top