Top Sport

Ѓоковиќ: Аферата Клостебoл како облак ќе го следи Синер низ целата кариера

Британскиот новинар Пирс Морган му се извини на Новак Ѓоковиќ затоа што во минатото го нарече лажго и измамник.

Морган го критикуваше српскиот тенисер за време на Отвореното првенство на Австралија во 2022 година, кога на Новак му беше забранет влез во Мелбурн.

„Измамникот на Ковид правилата, лажго во врска со имиграција и антиваксерската икона Новак Ѓоковиќ ќе биде исфрлен од Австралија без можност да се натпреварува на Отвореното првенство на Австралија. Одлично“, напиша Морган во тоа време.

Четири години подоцна, Морган и Ѓоковиќ направија интервју, кое наскоро ќе ја види светлината на денот.

Морган го започна разговорот извинувајќи се кртиките.

„Тоа многу зборува каква лисност сте вие“, одговори Ѓоковиќ.

И една од неизбежните теми беше „Аферата Клостебол“ поврзана со италијанскиот тенисер Јаник Синер.

Во првиот извадок од интервјуто, кој ќе биде објавен во целост подоцна во текот на денот, Ѓоковиќ го коментираше случајот на својот помлад колега.

„Тој случај на допинг е облак што ќе го следи, исто како што облакот околу Ковид ме следеше мене“, рече Ѓоковиќ.

Познато е дека Синер минатата година бил позитивен на клостебол, супстанца за која тврдеше дека случајно му била внесена во телото преку масажа. Јаник беше суспендиран оваа сезона три месеци, се врати на теренот на Мастерсот во Рим, а Новак е еден од оние кои беа жестоки критичари на сè што се случи.

Познато е дека една од првите забелешки на Новак беше „недостатокот на стандардни и јасни протоколи“.

„Имате играчи кои чекаа една година нивните случаи да бидат решени. Проблемот е непостојаноста и недостатокот на транспарентност. Бев навистина фрустриран, како и повеќето други играчи, од фактот што бевме оставени во темница пет месеци. Повеќето играчи сметаат дека постои фаворизирање. Се чини дека можете да влијаете на исходот ако сте врвен играч, ако имате пристап до најдобрите адвокати и одредени извори“, рече тогаш Новак.

Ѓоковиќ не учествува на Завршниот мастерс во Торино оваа недела, иако ја освои позицијата да биде еден од осумте учесници преку АТП трката. Како причина за откажувањето по освојувањето на турнирот во Атина, тој го наведе влошувањето на повредата на рамото.

Scroll to Top