Во интервју за „Кориере дела Сера“, Новак Ѓоковиќ уште еднаш раскажа каков однос имал со своите најголеми ривали, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
„Никогаш не бевме пријатели. Рафа е само една година постар, двајцата сме близнаци во хороскоп, двапати бевме на вечера заедно, но пријателството со него е невозможно. Секогаш имав многу почит и восхит кон него. Невозможно е пријателство меѓу ривали, но никогаш не сме биле непријатели. Благодарение на него и Федерер станав ваков.
Ѓоковиќ вели дека нивното големо соперништво е незаборавно.
„Тоа ќе нè обедини засекогаш. Надал е дел од мојот живот во последните 15 години. Го гледав повеќе од мајка ми“.
Потоа откри и што најмногу почитува кај Шпанецот:
„Има многу работи што ме инспирираат во неговата кариера. Пред сè, упорност, посветеност, борбен дух. Неговиот менталитет на шампион кој никогаш не се откажува и секогаш, колку и да е тешко, наоѓа начин да победи, начин да се врати. Тој негов менталитет е навистина многу инспиративен“.
Слична е ситуацијата и со Федерер.
„Секогаш чувствував голема почит кон него, тој е еден од најголемите на сите времиња. Имаше неверојатно влијание, но никогаш не бевме блиски“.