АТП турнирот од серијата 250, оваа сезона наместо во Белград ќе семигра во Атина. Турнирот е на програмата од 2 до 8 ноември. На оваа тема, Новак Ѓоковиќ зборуваше за српските медиуми во Њујорк, каде започна последниот гренд слем во сезоната, ју-ес опен.
„Се што можам да кажам е дека не сакавме да го преместиме турнирот, тоа е се што можам да кажам. За жал, така е…“, започна Новак и додаде:
„Се надевам дека ќе се врати турнирот во Србија. Секогаш постои оваа желба и тенденција од наша страна, мојот брат Ѓорѓе – кој го води турнирот – едноставно беше ставен во ситуација каде што турнирот мора да се премести. Се надевам дека ќе дојде некое подобро време во наредните години, така што турнирот ќе се врати, можеби дури и во повисока категорија, никогаш не се знае. Белградската јавност го сака и го следи тенисот, Србија стана земја на тенисот во последните дваесет години, со сите наши успеси“.
Ѓоковиќ проговори и за актуелната ситуација во Србија и се она што се случува во претходните денови и недели.
„Ситуацијата во земјата воопшто е таква што луѓето дури и не се заинтересирани за спортот… Многу работи се случуваат, има голема транзиција воопшто и за луѓето и за земјата… Без да навлегувам во политиката, бидејќи веќе доволно зборував за тоа, се надевам дека страстите малку ќе се смират. Сè ескалираше многу, буквално сме на работ на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата малку ќе се смири, но нема никакви индикации за тоа.“
Фото/ Принтскрин