Италијанскиот тенисер Јаник Синер е првиот финалист на Завршниот Мастерс и потенцијален ривал на Новак Ѓоковиќ кого веќе го победи.
Синер пред своја публика ќе го игра финалето на Завршниот Мастерс – во полуфиналето на престижниот турнир го победи Данил Медведев (6:3, 6:7, 6:1) и обезбеди меч за титулата, а неговиот ривал ќе го дознае во текот на вечерта. Второто полуфинале ќе го играат Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ, кој веќе загуби од Синер на овој турнир!
Шанса за „одмазда“ ќе има в недела, доколку вечерва го совлада младиот Шпанец, но… Јаник Синер нема да биде аутсајдер на тој меч. Ќе има голема самодоверба поради четирите победи во Торино, има на што да се надева и поради фантастичната форма што ја прикажува, а на негова страна ќе биде публиката која цела недела го турка кон триумфи.
Така беше и против Данил Медведев, кога во три сета го реши прашањето на победникот и зеде уште еден голем скалп. Јаник од почетокот до крајот на мечот беше подобар ривал од рускиот тенисер, кој врза два последователни порази на Завршниот Мастерс – во третото коло од групната фаза беше поразен од Карлос Алкараз, а потоа во полуфиналето на Јаник Синер.
Еден брејк беше доволен за младиот Италијанец да поведе во првиот сет, а во вториот видовме поголема борбеност од страната на теренот каде што е Данил Медведев. Рускиот тенисер го доби тај-брејкот во тој дел од мечот, потоа беше подобар во него, но како да потроши премногу енергија за враќање во мечот. Веднаш по крајот на вториот сет побара медицински тајм-аут, а во третиот практично немаше шанси.