Top Sport

Ѓоковиќ го победи Зверев и го урна рекордот на Надал

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Пекинг, откако направи пресврт против првиот носител, Германецот Александар Зверев со 2:1 (6:4, 4:6, 4:6).

Мечот во четвртфиналето на турнирот во Пекинг потсети на најдобрите денови на српскиот тенисер, кој се врати во мечот откако го загуби првиот сет. Во вториот и третиот прикажа констатнтна и сигурна игра.

Ѓоковиќ остана непобедлив на турнирот во Пекинг, на кој се врати по 11 години. Ја забележа 32-та последовна победа, со што го надмина рекордот на Рафа Надал. Шпанецот во еден период од кариерата имаше 31 последовна победа на Ролан Гарос.
Мечот траеше два часа и 35 минути.

Зверев влезе во овој натпревар како еден од фаворитите, додека Ѓоковиќ, имајќи ги предвид резултатите и околностите од претходните месеци, беше во малку понеповолна позиција.

Сепак, развојот на настаните на теренот не ја потврди таквата улога.

Зверев го доби првиот сет откако напшрави брејк во првиот сет, а Ѓоковиќ не искористи две брејк топки во десеттиот гем.

Германецот сервираше на исклучително високо ниво во текот на целиот натпревар, а натпреварот заврши со дури 85 проценти од првите сервиси.

И покрај ова, Ѓоковиќ успеа да најде начин да остане во мечот. Неговата игра се темелеше на цврста одбрана, трпеливост и постојан притисок врз сервисот на противникот.

Клучниот момент се случи во вториот сет. При резултат 5:4, Ѓоковиќ дојде до две нрејк топки, овој пат ја искористи првата од двете. Со тоа, го израмни резултатот и целосно го промени текот на натпреварот.

Во решавачкиот сет, српскиот тенисер не му дозволи на Зверев да ја преземе контролата. Ѓоковиќ продолжи да игра агресивно, ја искористи секоја пукнатина во играта на германскиот тенисер и уште еднаш направи брејк, повторно во десеттиот гем и го реши мечот за голема победа.

До крајот на натпреварот немаше пад во неговата игра. За разлика од некои претходни средби, овој пат Ѓоковиќ остана максимално концентриран од почетокот до последниот поен и рутински го приведе мечот до крај.

На 39-годишна возраст, Ѓоковиќ повторно го победи еден од најдобрите играчи во светот и покажа дека, и покрај возраста и сите предвидувања за крајот на кариерата, сè уште може да го победи тенисер кој е на самиот врв на АТП листата.

Српскиот тенисер ќе игра против Русинот Данило Медведев во полуфиналето на турнирот во главниот град на Кина утре од 13:00 часот по средноевропско време.

АТП турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од 4.089.385 долари.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');