Top Sport

Ѓоковиќ игра на првиот ден од Вимблдон

Вимблдон ги објави точните термини на мечевите за првиот ден на гранслем турнирот. Оргзнизаторите се погрижија сѐ да биде навреме испланирано.

Новак Ѓоковиќ од 14:30 часот по средноевропско време ќе ги одмери силите со аргентинскиот тенисер Педро Кацин. Секако е голем фаворит и ја брани титулата на терените на Ол Ингланд клуб.

По нивниот меч следи дуелот меѓу Елина Свитолина и Венус Вилијамс, додека програмата на првиот ден на главниот терен ја затвораат Јаник Синер и Хуан Мануел Серундоло.

Scroll to Top