Top Sport

Ѓоковиќ ја презеде одговорноста за елиминацијата на Србија од Дејвис купот

Новак Ѓоковиќ ја презеде одговорноста за елиминацијата на Србија од Италија во полуфиналето на Дејвис купот.

Србија загуби од Италија со 1:2, на неверојатен начин, откако Ѓоковиќ во вториот меч во синг, против Јаник Синер не успеа да искористи три поврзани меч топки.

„Честитики за Италијанците, го заслужија ова. Посебно Јаник, речиси е да не промашуваше. За мене лично ова е големо разочарување. Ја преземам одговорноста за трите меч топки. Кога губиш за својата земја, горчливиот вкус е уште поголем “, рече Новак.

Тој се осврна и на оние три меч топки што ги имаше во сингл против Синер.

„На ова ниво, против таков тенисер, сè се случува брзо. Тој сервираше исклучително добро. Познато е дека има еден од најбрзите форхенди. Не ме изненади. Знам дека Јаник квалитетен тенисер. екогаш кога требаше, наоѓаше добар сервис“, додаде светскиот рекет број еден.

Новак беше прашан и за неговата психичка подготвеност да игра вакви натпревари под притисок.

„Не сакам да зборувам за тоа. Ќе звучи како изговор. Сега ми е многу тешко. Се обидов да го дадам својот придонес, но денес тоа не ми беше судено “, изјави Ѓоковиќ.

Scroll to Top