Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во понеделникот ја започна 424-та недела како број еден на АТП листата. Со други зборови, освојувачот на 24 Грен слем титули е најдобар тенисер на планетата повеќе од осум години.
За дополнително да се илустрира надмоќта на најуспешните на сите времиња, треба да се каже дека Новак сега има точно 200 недели како број 1 по неговиот 30-ти роденден. За споредба, Рафаел Надал има вкупно 209 недели на врвот на АТП листата во целата своја кариера.
Она што е уште повпечатливо е што на владеењето на Ѓоковиќ не му се гледа крајот и покрај тоа што има 37 години. Второпласираниот на АТП ранг листата Јаник Синер поради повреда на колкот нема да учествува на Мастерсот во Рим, па математички никој нема да може да го претекне Ѓоковиќ до 10 јуни.
Младиот италијански ас поради повреда се откажа од Мастерсот во Рим, а неизвесен е и за Ролан Гарос. Ѓоковиќ обезбеди да биде на врвот вкупно 428 недели.
АТП листа:
1. Новак Ѓоковиќ 9.990
2. Јаник Синер 8.860
3. Карлос Алкараз 7.345
4. Данил Медведев 7.195
5. Александар Зверев 5.435
6. Андреј Рубљов (+2) 4.740
7. Касепер Руд (-1) 4.535
8. Стефанос Циципас (-1) 3.860
9. Хуберт Хуркач 3.730
10. Григор Димитров 3.605