Во големото интервју за магазинот „GQ“, Новак Ѓоковиќ зборуваше за тоа како се уште наоѓа мотивација, но и за тоа кој го „убедува“ да се пензионира…
Најдобриот тенисер во историјата ќе се најде на насловната страница на февруарското издание на магазинот, а во таа прилика зборуваше и за тоа дали ја изгубил страста кон тенисот.
„И да и не. Се надевам дека ќе постигнам многу повеќе работи како ветеран, ќе ги унапредам правата на играчите и ќе продолжам да ги развивам моите деловни проекти. Тенисот останува мојот најгласен мегафон и начин да му се обратам на светот. Меѓутоа, ако гледаме чисто од натпреварувачка перспектива, претпоставувам дека не сум толку мотивиран“, изјави 24-кратниот Грен слем победник и додаде:
„Чувствувам дека луѓето веќе некое време го пишуваат мојот тениски некролог. Првиот што почна со ова беше татко ми, иако не знам колку ќе му се допадне кога зборувам за ова. Веќе некое време се обидува да ме наговори да се повлечам, но не инсистира. Тој ги разбира и почитува моите одлуки, но често ме прашува што уште сакам да постигнам. Свесен сум за стресот и напнатоста кои влијаат на мојот ум и тело, а со тоа и на сите околу мене. Затоа ми рече да почнам дека треба да размислам за крајот на кариерата“, рече Ѓоковиќ и дополни.
„Размислувам за пензионирање, повеќе за тоа како ќе изгледа отколку кога ќе се случи. Мислам дека ќе речам дека е доста кога ќе губам почесто, кога ќе почувствувам дека повеќе не можам да се натпреварувам за најголемите трофеи“.
„За да бидам на врвот, морам да го намалам бројот на турнири на кои учествувам и да се фокусирам само на најважните. Пред нив планирам да играм слемови и неколку подготвителни турнири, особено на земјена подлога. Откако го освоив олимпиското злато, многу луѓе ми рекоа дека е вистинско време да се повлечам додека сум на врвот. Го разбирам тој начин на размислување, но ако сè уште се чувствувам способен да ги победам најдобрите во светот, не гледам зошто да престанам“.
Новак Ѓоковиќ му го предаде полуфиналниот меч на Австралија опен на Александар Зверев поради повреда. Последните информации говорат дека повредата е сериозна и дека Србинот најверојатно ќе отсуствува од терените неколку месеци. Прогнозите се дека нема да игра до Ролан Гарос.