Новак Ѓоковиќ доживеа убедлив пораз од Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон. Шпанецот славеше во три сета по 150 минути игра со 6:2, 6:2, 7:6 (7-4)
Ѓоковиќ, сопственик на 24. Грен слем трофеи го одигра веројатно најлошото финале во кариерата. Два сета не беше присутен на теренот, што му овозможи на Алкараз да создаде конфорна предност и до крајот Шпанецот го покажа целиот раскош на својот талент.
Шпанецот се уште е непоразен во финалињата на Грен слем турнирите, има скор од 4-0, додека Ѓоковиќ останува на 24 титули (ова му беше 37 финале).
„Големи честитки, го заслужи ова. Беше подобар од почетокот до крајот. Малку го продолжив натпреварот спасувајќи три меч топки, но тој едноставно одигра подобро, неизбежно беше да победи. Тој го одигра секој удар подобро од мене, мислам дека не можев многу да направам. Не ми дозволи многу лесни поени на сервис, добро ме читаше, играше на различни начини. Никогаш не сум го видел да сервира толку брзо, можеби нешто пропуштив на овој турнир… Ме надигра“, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата.