Конечно е објавено долгоочекуваното интервју на Новак Ѓоковиќ за телевизијата Си-би-ес.
Најдобриот светски тенисер одговори на бројни актуелни прашања кои се однесуваат на него и неговата кариера, но и тенисот воопшто, во долгиот и исцрпен разговор со познатиот новинар Џон Вертхајм.
Новак рече дека неговата ментална сила не е дар од Бога.
„Тоа не е подарок“, го поправи Џон Вертхајм. „Тоа е нешто што доаѓа со многу работа“.
„Разликата, претпоставувам, помеѓу момците кои можат да бидат најголеми шампиони и момците кои се борат да стигнат до највисокото ниво е способноста да не се задржуваат премногу долго во тие емоции. За мене, тоа е навистина релативно кратко. Можам да пукнам, да врескам. Но, во состојба сум да се вратам и да се ресетирам“, вели Новак.
Кршењето рекети е почесто кај многу други играчи, но понекогаш му се случува и на теренот.
„Не сум горд на тоа. И се срамам од себе кога го правам тоа, без сомнение. Но, во исто време, знаете, се прифаќам себеси како човечко суштество со мани. Количината на притисок и стрес е многу поголема ако имате толпа против вас. Во исто време, јас всушност повеќе уживам во средина каде, знаете, имам добра поддршка“, додаде Ѓоковиќ.
Позната е ситуацијата од јануари 2022 година кога беше депортиран од Австралија.
„Го имав најголемиот дел од светот против мене. Имав такво искуство на тенискиот терен со публика која можеби немаше да навива за мене, но никогаш порано во животот не сум го имал ваквото посебно искуство“, рече тој, додавајќи дека „тој не е против вакцината“ и дека тој е само „поборник на слободата на избор“.
Тој зборуваше и за својот голем ривал Рафаел Надал и обидот на Шпанецот да го „заплаши во соблекувалната“ пред нивните големи натпревари.
„Играм против Надал на Ролан Гарос, мојата соблекувална е до неговата. Блиску сме, нели? Се обидуваме да си дадеме простор, но не е голем. И го слушам како скока како што тоа го прави пред почеток на секој натпревар. Во соблекувалната го слушаш како прави кратки спринтови. Можам дури и музиката да ја чујам што ја слуша во слушалките. Знаеш,тоа ме нервира. Не сфатив на почетокот на мојата кариера дека сето тоа беше дел од сценариото, нели? Се плашев од тоа. Но, исто така ме мотивира да ги правам работите сам и да покажам дека сум подготвен. Подготвен сум за битка, за војна”.
Големо задоволство е огромниот број освоени Грен слемови, рекордни 24.
„Всушност пред многу години сонував дека ќерка ми и мојот син ќе можат да ме гледаат како го освојувам Вимблдон. Тоа се случи неколку пати. Имам голема среќа што го доживеав тоа“.
From rivals to friends? @DjokerNole says he would like that—just not for a little while…
Catch the full ’60 Minutes’ interview Sunday, December 10th at 7:30 PM ET after the football game on CBS and streaming on Paramount+
📽️ Credit: @60Minutes pic.twitter.com/RZsZDwMeBG
— Tennis Channel (@TennisChannel) December 9, 2023