Новак Ѓоковиќ, во третото коло го заврши настапот на Ју-ес опен. Србинот загуби од Алексеј Попирин со 3-1 во сетови. Ѓоковиќ одигра исклучително лош меч, повторно имаше проблем со сервисот (направи 14 дупли грешки), што во најголема мерка придонесе за поразот.
По мечот накратко го анализираше поразот, но немаше ниту јасно објаснување.
„Да бидам искрен не знам што се случи. Немам објаснување. Играта целосно ми се распадна. Не сум свеж од почетокот на тренингот, се обидував да ја најдам мојата играта. Многу брзи услови, различни во споредба земјата во Париз. Мачно беше да се игра на овој начин и да се чувствувам вака со рекетот во моите раце. На моменти чувствував дека играм како аматер. Можеби Олимпијадата има влијание, емотивно се испразнив. Размислував дали воопшто да дојдам овде“, рече Ѓоковиќ.