Top Sport

Ѓоковиќ: Не се сеќавам кога последен пат сум се чувствувал толку мизерно

Новак Ѓоковиќ ја продолжи серијата на Вимблдон стигнувајќи до 32. последователна победа на трева во Ол Ингланд клуб, откако го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со 3:1 во сетови.

Сепак, Србинот истакна дека воопшто немал лесна задача да го победи Хуркач.

„Не се сеќавам кога последен пат сум се чувствував толку мизерно. Честитки за Хуберт, играше одлично, но немаше среќа. Не се сеќавам кога сум се чувствувал толку мизерно по неговите неверојатно силни и прецизни сервиси. Тој има одличен сервис, еден од најдобрите во светот. На тревнатата подлога секако дека добрите сервери имаат предност. Не уживав, но во најважните моменти, и вчера и денес, бев во вистински еелемент. Имав среќа и да го добијам првиот сет. Овој меч можеше да тргне во сосема поинаква насока, но јас ги сочував нервите во важните моменти“, изјави Новак Ѓоковиќ по триумфот.

Хуркач имаше 33 асови во четири сета, погоди 73 проценти од првите сервиси и спаси седум од осумте брејк топки со кои се соочи. Единствениот пат кога го загуби сервисот беше во седмиот гем од четвртиот сет, откако спаси 15:40, но се откажа кога Ѓоковиќ стигна до третата можност во тој гем.

Ѓоковиќ во четврт-финалето ќе игра против Андреј Рубљов.

Scroll to Top