Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не ја отфрли можноста дека овогодинешниот Австралија опен е последен во неговата кариера.
Ѓоковиќ по првиот сет се повлече од полуфиналниот меч против Александар Зверев, по повредата што ја заработи на мечот против Карлос Алкараз.
На прашањето дали ова му е последен настап на Грен слем турнирот во Мелбурн, тој немаше прецизен одговор.
„Не знам… Има шанси, кој знае. Ќе треба да видам како ќе помине сезоната. Сакам да продолжам, но дали следната година ќе имам поинаков распоред, не знам. .. Ги имав најголемите успеси во Австралија, сакам да доаѓам овде. Ако сум здрав, фит и мотивиран, не гледам причина зошто не би дошол, но секогаш има шанса “, рече Ѓоковиќ.
За потсетување, Ѓоковиќ за прв пат играше на Австралија опен во 2005 година и оттогаш овој турнир го освои 10 пати.