Новак Ѓоковиќ го најави дуелот помеѓу Србија и Грција во Дејвис купот кој викендов ќе се игра во Белград.
„На прес конференциите сите ме прашуваат: Добро, што те мотивира? Ме мотивираат Грен слемовите и играњето за српската репрезентација, затоа ми значи толку многу олимпиското злато освоено во Париз. Мило ми е што се уште сум на располагање. на селекторот Виктор Троицки. Покрај тој златен медал и првиот Вимблдон, би го издвоил и Дејвис купот освоен во 2010 година.
Затоа што, кога играш за својата земја, имаш соиграчи на клупата, тренери, поддршка од трибините. Форматот на Дејвис купот сега е таков што се е променето и немаме многу можности да играме дома. Последен пат играв пред моите навивачи во „Пионир“ пред седум години и не знам дали некогаш ќе играм тука до крајот на мојата кариера. Затоа ги повикувам сите да дојдат да не поддржат“.
Пораката на Ѓоковиќ дека ова е можеби последна шанса фановите да го видат во Србија привлече големо внимание во српската јавност. Навистина е можно повеќе да не игра за Србија на домашен терен бидејќи има 37 години. Покрај него, Србија против Грција ќе ја претставуваат Миомир Кецмановиќ, Душан Лајовиќ и Хамад Меѓедовиќ.