Top Sport

Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мадрид

Новак Ѓоковиќ очекувано нема да игра на Мастерсот во Мадрид.

Ѓоковиќ по трет пат во последните четири години нема да игра во Мадрид, а во последниот настап (2022) стигна до полуфиналето.

Исто така, светскиот број 1 го пропушти турнирот во Мадрид во 2014 и 2015 година.

Условите за игра во шпанската престолнина, земајќи ја предвид надморската височина, се различни од сите други турнири на земјена подлога, вклучувајќи го и Ролан Гарос, што е примарна цел на Ѓоковиќ во овој дел од сезоната.

Следен турнир на Новак најверојатно ќе биде Рим, на кој има освоено шест титули. Мастерсот во Рим е на програмата од 6 до 19 мај.

Scroll to Top