Top Sport

Ѓоковиќ: Понекогаш ти треба помош од физиотерапевт, а понекогаш од Бог и ангелите

Новак Ѓоковиќ влезе во осминафиналето на Ролан Гарос и остана на добар пат до својата 23. гренд слем титула по победата во три сета над Алехандро Давидович Фокина, но призна дека било многу тешко во маратонскиот меч, откако првите два сета беа решени во тај-брејк.

„Беше екстремно тешко од многу причини, не се сеќавам кога последен пат два сета играв три часа, можеби против Рафа. Условите исто така беа тешки поради ветерот, немавме вистински сервис и потоа почнавме да се надмудруваме. Имав среќа што го решив мечот во три сета. Повреди? Немам време да ги набројувам сите, листата е огромна. Зборуваме за нешто што не ме спречува да играм, така што сум тука и се борам. Понекогаш ти е потребна помош од физиотерапевт, а понекогаш од Бог и ангелите. Реалноста е таква, сега моето тело не одговара како во минатото и морам да се прилагодам“, вели Ѓоковиќ.

Scroll to Top