Новак Ѓоковиќ во својата кариера имал многу големи ривалства, но последното со Карлос Алкараз е можеби најголемото и го вади најдоброто од двајцата, вели Србинот пред стартот на САД опен во понеделник, каде што ќе ја брка својата 24. гренд слем титула.
20-годишниот Алкараз го победи 36-годишниот Ѓоковиќ во фантастичното финле на Вимблдон минатиот месец, и доби мала одмазда кога му се реваншираше на Мастерсот во Синсинати минатата недела. Сега следува вистинското.
„Тој секогш ме турка до крај! Мислам дека и јас му го правам истото и затоа имаме такви финалиња. Во Синсинати се работеше за едно од највозбудливите, најдобрите и најтешките финалиња кои сум ги имал. Чувството беше како да сум освоил гренд слем, да бидам искрен. Бев исцрпен неколку дена по тој меч“, признава Ѓоковиќ.