Top Sport

Ѓоковиќ се изнамачи против инспирираниот Ковачевиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Александар Ковачевиќ, Американец со српско потекло, во третото коло од Мастерсот во Индијан Велс.

Ѓоковиќ беше подобар од Ковачевиќ за нешто повеќе од два часа игра, со 2-1 во сетови (6:4, 1:6, 6:4).

Тоа беше негова втора победа во исто толку натпревари против Ковачевиќ, по Ролан Гарос во 2023 година.

Интересно Ѓоковиќ прв пат по 2018 година ќе игра осминафинале во Индијан Велс. Таму противник ќе му биде победникот од дуелот меѓу Серундоло и Дрејпер.

Ѓоковиќ се изнамачи со инспирираниот противник, кој со многу ризик го одигра целиот меч, но потклекна кога беше најпотребно. За играта на Ковачевиќ најдобро зборува податокот дека имаше дури 50 директни поени и 43 неизнудени грешки, тој однос кај Ѓоковиќ беше 22-20.

Новак рутински го реши првиот сет, во кој лесно ги доби своите сервис гемови, а водство од 1:0 му беше довоен брејкот во четвртиот гем.

Вториот сет беше многу чуден, Ковачевиќ ги искористи две од четирите шанси за брејк, Ѓоковиќ не ги реализираше двете брејк топки во различни гемови и Американецот го доби сетот убедливо со 6:1.

Во третиот сет Ѓоковиќ беше сигурен во своите сервис гемови и константно го притискаше сервисот на Ковачевиќ. Не искористи три брејк топки во два гема, но не му дозволи на пртивникот да се извлече во десеттиот гем, кога Американецот сервираше да остане во мечот.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');