Top Sport

Ѓоковиќ се откажа од Мајами

Новак Ѓоковиќ соопшти дека нема да игра на Мастерсот во Мајами.

Новак неочекувано го заврши своето учество во Индијан Велс веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди, а сега, како што пренесува Спортклуб, ќе биде посветен на она што следува по Мајами.

Турнирот во Флорида годинава ќе биде прескокнат.

„Мајами е тука, ајде да видиме. Бев на теренот пред десет минути, главата ми е уште малку жешка. Морам да поминам ден-два, а потоа да видам што сакам да правам понатаму“, изјави Ѓоковиќ веднаш по поразот од Италијанецот.

Новак е шесткратен шампион во Мајами, а тој турнир се игра од 20 до 31 март.

Ѓоковиќ сега се подготвува за земјена подлога, а следен турнир на кој ќе настапи треба да биде Монте Карло кој започнува на 7 април.

Scroll to Top