Top Sport

Ајакс ќе се збогува со деветмината кои пристигнаа летово

Фудбалскиот клуб Ајакс во јуни ќе смени половина тим, бидејќи на трансфер листата ќе се најдат најмалку девет играчи, информира добро информираниот весник „Де Телеграф“.

„Во јуни ќе бидат на продажба дури деветмина од 13. играчи кои минатото лето ги донесе спортскиот директор, Свен Мислинтат, кој подоцна беше отпуштен“, пишува весникот.

Како што се наведува, вишок се Јосип Шутало, Борна Соса, Јаков Медиќ, Георги Микаутазе, Карлос Форбс, Гастон Авила, Чуба Акпом, Бенјамин Тахировиќ и Антон Га.

Од фудбелерите кои минатото лето пристигнаа во Ајкас, во клубот ќе останат Сиверт Мансверк, Диант Рама и Бранко ван ден Бумен.

На крајот од минатата сезона Ајакс ги загуби долгогодишниот капитен Душан Тадиќ, како и Дејви Класен и Мохамед Кудус, а резултатите сезонава се исклучително лоши.

Клубот е на петтото место во холандскиот шампионат, со дури 30 бода помалку од лидерот Феенорд.

Тимот беше елиминиран од холандскиот куп од третолигашот Херкулес, а се уште настапува во Конференциската лига, каде по нерешениот резултат 0:0 на првиот натпревар во четврток, ќе го одигра реваншот против Астон Вила во Бирмингем.

Scroll to Top