Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд ќе играат во финалето на Ролан Гарос. Холанѓанецот има желба првпат да го освои трофејот на престижниот турнир, а Србинот за да стане „бесмртен“ и да урне многу рекорди кои би потврдиле дека тој е најдобриот тенисер во историјата на овој спорт.
Ѓоковиќ со евентуален успех во Париз би бил осамен на врвот на вечната листа победници на гренслем турнирите со 23 пехари, каде сега е израмнет со Рафаел Надал.
Тој веќе е првиот светски тенисер со најмалку седум финалиња на секој од четирите гренслем-турнири.
Ѓоковиќ со победа на Ролан гарос ќе се врати и на врвот на АТП-листата. Сепак, има максимален респект кон својот ривал, Каспер Руд.
„Руд е минатогодишниот финалист, специјалист за земјена подлога. За неговиот квалитет доволно говори самиот факт што веќе играше во финалето на Ролан Гатос и сигирно научи многу од тоа финале. Ќе биде посамоуверен и ќе верува дека може да ја освои титулата. За мене е важно да може моето тело да биде подготвено за максимални напори и потенцијални пет сета“, вели Новак Ѓоковиќ пред денешното финале.