Новак Ѓоковиќ го победи Шпанецот Хауме Мунар во осминафиналето на Мастерсот во Шангај. Два часа и 41 минута му беа потребни на Ѓоковиќ да слави со 6:3, 5:7, 6:2.
Публиката во Шангај, која бурно го поддржува 38-годишникот од Белград, во осминафиналето, можеше да види неколку негови „лица“.
Започна Ѓоковиќ фуриозно, со брејк во четвртиот гем, но тука и започнаа неговите проблеми. Србунот во третиот се пожали дека има проблем со дишењето, а во четвртиот побара помош од физиотарапевтот, поради болка во листот на левата нога.

И покрај проблемите Ѓоковиќ рутински го освои сетот. Сервисот и форхендот беспрекорно функционираа, па и Мунар немаше никаков одговор.
Во вториот сет започна падот на Ѓоковиќ. Тешко дишеше, ферхнедот престана да го „слуша“ истото како и сервисот. Мунар играше агресивно, констатно го притискаше противникот. Не искористи брејк топка во седмиот гем, но ја искорисити втората брејк и сет топка во 12-от гем.
Се чинеше дека Новак е целосно надвор од ритам, како да му недостасува рамнотежа и сила, едвај одржувајќи стабилност во поените. Сепак, во првиот гем од решавачкиот сет, при резултат 40:15 за Мунар, се одигра поенот кој целосно го сврте моментумот.
На навидум рутински поен, Мунар промаши смеч кој ќе завршеше во поле во речиси секоја друга ситуација. Тоа промашување отвори простор за пресврт: Новак ја презеде иницијативата со два фантастични ритерно и направи брејк.
Ѓоковиќ знаеше да го искористи подарокот, без да загуби поен го освои својот сервис гем. Од тој момент се врати неговата стабилност во сервисот, лесно ги освојуваше своите сервис гемови, а кога направи уште еден брејк, во седмиот гем, беше јасно дека ќе победи.
Во четвртфиналето, за прв пат во својата кариера, Србинот ќе се соочи со 26-годишниот Белгиец Зизи Бергс, кој по голема борба и пресврт го победи Канаѓанецот Дијало со 3:6, 7:5, 7:6 (10:8).