Top Sport

Ѓоковиќ во солзи: Не заврши добро за мене, никој не сака да загуби финале на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го загуби финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз. 16 години помладиот Шпанец беше подобар и славеше со 3:2 во сетови, во еден неверојатно драматичен и исцрпувачки меч.

„Не беше добро за мене, но беше добро за Карлос и морам да му честитам бидејќи победи на овој меч и одигра одлично, особено кога сервираше за победа, имаше неверојатни удари и честитки за него. Мислев дека ќе имам проблеми со него на земјена подлога и на бетон, но не и на трева. Тоа се промени и сакам да му честитам. Се адаптираше на оваа подлога и играше на трева само неколкупати пред овој Вимблдон, и честитки за тебе и твојот тим“, изјави Новак Ѓоковиќ и доби громогласен аплауз.

Потоа го совладаа и емоциите, се расплака.

„За мене овој натпревар е… Па, секако дека не сакате да загубите овде во финале и кога ќе стивнат сите емоции морам да бидам благодарен затоа што освоив многу титули и тесни мечеви како овој. Да се потсетиме само на Федерер во 2019 година и можеби јас требаше да загубам некое друго финале, па сега ова малку се израмнија работите. Штом мојот син се смее, значи не е трагично. Ве сакам сите и ви благодарам за подршката“, дополни Новак Ѓоковиќ.

 

Scroll to Top