Женската тениска репрезентација на Македонија по 23 години се врати во Втората европска зона на „Били Џин Кинг“ купот. Во финалето на Третата европска зона, Македонија ја победи Ерменија со 2:1 откако го доби решавачкиот меч во игра на двојки.
Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска со 2:0 во сетови (6:3, 6:2) славеа против ерменската двојка Марина Давитјан и Ирена Мурадјан.
Ерменките поведоа со 1:0 во финалето откако Ирена Мурадјан го доби првиот меч против Магдалена Стоилковска со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 6:0). Возврати експресно Лина Ѓорческа со победата од 6:0, 6:0, без загубен гем, против Марина Давитјан.
Фото: Игор Паневски