Top Sport

Голема победа против Ерменките: Македонија по 23 години се врати во Втората европска зона на „Били Џин Кинг“ купот

Женската тениска репрезентација на Македонија по 23 години се врати во Втората европска зона на „Били Џин Кинг“ купот. Во финалето на Третата европска зона, Македонија ја победи Ерменија со 2:1 откако го доби решавачкиот меч во игра на двојки.

Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска со 2:0 во сетови (6:3, 6:2) славеа против ерменската двојка Марина Давитјан и Ирена Мурадјан.

Ерменките поведоа со 1:0 во финалето откако Ирена Мурадјан го доби првиот меч против Магдалена Стоилковска со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 6:0). Возврати експресно Лина Ѓорческа со победата од 6:0, 6:0, без загубен гем, против Марина Давитјан.

Фото: Игор Паневски

Scroll to Top