Top Sport

„Големата тројка владееше затоа што растеше без паметни телефони?“

Доминик Тим се пензионираше минатата недела, а сега во интервју за подкастот „New Lifestyle“ на Сајмон Мунди, презентираше интересна теорија за доминацијата на големата тројка, како и на некои други спортисти:

„Мислам дека не е случајно што се родени неколку неверојатни спортисти меѓу 1981 и 1987 година“, истакна поранешниот шампион на Ју-ес опен и дополни: „Роџер Федерер, Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Луис Хамилтон, Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Рафаел Надал, Леброн Џејмс се родени во тој период, додека Том Брејди и Мајкл Џордан се малку повозрасни“.

Тим е роден во 1993 година, а неговата теза е дека споменатите великани пораснале пред ерата на паметните телефони, па можеле целосно да бидат фокусирани на тренинзите. Многу експерти сметаат дека влијанието на интернетот е негативно врз децата.

„Не верувам дека е случајност, но можеби ние како прва генерација која почна да користи смартфони имавме проблеми со концентрацијата, бидејќи тие негативно влијаат на фокусот“, објаснува Австриецот.

Тим потоа ги спореди најголемите асови во тековната сезона: „Можеби има логика, а можеби нема, но се очекува Карлос Алкараз и Јаник Синер да освојат многу Грен слемови. Можеби нивната генерација е веќе навикната на паметните телефони, па им е полесно да се фокусираат на подолг временски период. Кој знае, но темата е многу интересна. Сè во животот е толку брзо овие денови, одвреме-навреме се исклучуваме и затоа е добро да се вратиме“.

Тим истакна дека менталната снага на теренот е исто толку важна како и техниката.

-„е важно да останете во моментот кога сте 12-годишно момче кое игра пред празни трибини и како финалист на Грен слем во професионална конкуренција пред преполн стадион. Новак одлично го објасни тоа на почетокот на годината, кога рече дека клучно е како поминуваш низ тешките моменти. Луѓето треба да бидат свесни за тоа, бидејќи кога сте во неизвесна ситуација во тенисот, тоа е огледало на животот на многу начини“.

Scroll to Top