Top Sport

Ѓорѓи Ѓорѓиев се договори со Бурса

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Ѓорѓи Ѓорѓиев во новата сезона ќе игра за турскиот клуб Бурса ББСК, клубот денеска го потврди Македонецот за ново засилување.

Ѓорѓиев во минатата сезона го носеше дресот на Хатај, а претходно играше за Марек Унион, Малије Пијанго, Париз Волеј, Алурон Варта, Хебар Пазарџик и Камбрај Волеј.

Македонскиот репрезентативец, кој моментно се подготвува со националниот тим за Европското првенство на кое Македонија е ко-организатор е еден од тројцата странци што ја засилија Бурса за новата сезона, откако во минатата овој клуб заврши како шестопласиран.

Scroll to Top