Во обид да ја задржи НФЛ франшизата Чикаго Берс, градот на брегот на езерото Мичиген, најави ќе вложи 2,2 милијарди долари во реновирање на стадионот.
Градоначалничката на Чикаго, Лори Лајтфут, ги претстави плановите за претворање на „Солјер Филд“ во стадион со покрив, со кој ќе биде модернизиран сегашниот дом на „Мечките“ и фудбалскиот клуб Чикаго Фајр кој игра во МЛС.
„Мораме да инвестираме во „Солјер Филд“. Мораме да ги подобриме условите за навивачите. И токму тоа е она кон што целиме“, изјави градоначалничката Лајтфут.
Во последниве години, имаше шпекулации дека „Мечките“ би можеле да се преселат на нов стадион во предградието на Чикаго, Арлингтон Хајтс на местото на поранешната тракачка патек Арлингтон Парк, која беше затворена во 2021 година.
Во септември минатата година „Мечките“ потпишаа договор за купување на имотот за 200 милиони долари, а во март ангажираа архитектонско биро за да ги подготви плановите за стадионот.
Закупот за стадионот „Солдиер Филд“, кој го има франшизата трае до 2033 година, но тие можат да го раскинат договорот во 2026 година, но сепак би требало да платат 84 милиони долари на име на казни, пишува „Чикаго трибјун“.
Чикаго Берс играат на „Солдиер Филд“ од 1971 година. Стадионот има капаците од 61.500 места, што го прави најмалиот стадион во НФЛ.